Лесна протеинска салата со пилешко

Салатите се одличен извор на витамини, минерали и влакна. Тие содржат помалку калории и може да бидат присутни во секоја исхрана. Кога сакаме салата да биде главниот оброк, додавањето на месо или јајца го подобрува вкусот и дава одличен нискокалоричен оброк. Пилешка салата едноставно се подготвува. Зеленчукот брзо заситува, а пилешкото го обезбедува потребниот протеин за градење мускулна маса.

Состојки:
200 гр пилешки гради
10 гр путер
зачини: сол, црн пипер, ѓумбир

Прелив:
200 гр посно сирење
150 гр јогурт со помала масленост
50 гр кисели краставици
сол, бибер, лук, магдонос

Пилешко се сече на ленти, зачинете и пржете во загреана тава со малку BIMAL сончогледово масло. Во посебен сад измешајте го посното сирње со јогуртот. Додадете ситно исечкани кисели краставички и зачинете по желба. По ваш избор исечкајте свежи краставици, моркови, пиперки и домати. Измешајте ги со пилешките ленти и додадете од преливот.

Пријатно!