БРОЈ НА ЛИЦА: 3 | ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА : 20 мин | ТЕШКОВИНА НА ПОДГОТОВКА: лесно
Подготовка:
Сварете ја пастата и оставете ја да се исцеди. На БИМАЛ омега маслото пропржете го пилешкото, па оставете го настрана малку да се излади. Во сад истурете сол, бибер и балсамико оцет и додадете ги исечканите домати и авокадото, како и една рака спанаќ. Можете исто така да додадете повеќе зачини по вкус. Сето ова убаво се меша, па се додава сечкано печено пилешко и тестенини. На крајот од салатата додадете пармезан или било кое друго рендано сирење по желба.