БРОЈ НА ЛИЦА: 5 | ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА : 45 мин | ТЕШКОВИНА НА ПОДГОТОВКА: средно
Подготовка:
Во два сада одвојте ги белките од жолчките. Потоа убаво изматете ги белките, а во жолчките додадете шеќер и убаво измешајте. Потоа додадете ги изматените белки во смесата со жолчка и шеќер и сè нежно измешајте. Потоа во смесата се додава маслото и водата БИМАЛ со постојано мешање и на крај се додава брашното и прашокот за пециво и сето уште еднаш се меша. Калапот за печење премачкајте го со растопен путер, рамномерно прелијте ја подготвената смеса и сето тоа ставете го во рерна загреана на 180 степени десетина минути. По изминатото време, бисквитот се вади да се излади, а за тоа време јагодите се чистат и се сечат на кришки. Потоа врз изладениот бисквит наредете ги подготвените јагоди, а врз нив прелијте го подготвениот прелив за колач. Тортата ставете ја во фрижидер да се излади, а кога целосно ќе се стегне може да се сервира.