БРОЈ НА ЛИЦА: 3 | ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА : 45 мин | ТЕШКОВИНА НА ПОДГОТОВКА: средно
Подготовка:
Изматете ги јајцата со миксер. Потоа додадете јогурт, BIMAL масло, брашно, прашок за пециво, малку сол, како и исечкано сирење, кашкавал, шунка, кисели краставички и црвена пиперка. Смесата добро измешајте ја. Вклучете ја рерната на 200 степени. Ставете хартија за печење во тепсија и малку премачкајте со BIMAL масло. Смесата рамномерно сипете ја во тепсијата и печете додека не зарумени. Кога ќе се испече, извадете ја од рерна и оставете да се излади, а потоа исечете ја.