
БРОЈ ЛИЦА: 4 | ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА: 10 min | ТЕЖИНА НА ПОДГОТОВКА: лесни
Состојки:
- 8 црвени пиперки
- 4 чесни лук
- оцет
- BIMAL сончогледово масло
- сол
Подготовка:
Измијте ги пиперките, а потоа испечете ги во рерната. Испечените пиперки ставете ги во чинија. Покријте ги и оставете ги да се изладат. Излупете ги и сервирајте ги во сад за салата. Посолете ги, додајте ситно исечен лук и посипете со оцет и со сончогледово масло BIMAL.